Загина познат британски рапер одејќи на настап

Младиот британски рапер Кадет (28) загина во страшна сообраќајна несреќа синоќа околу еден часот по полноќ во Лондон. Музичарот чие вистинско име е Брејн Џонсон бил совозач во таксито со кое тргнал на закажан настап во Стафордшир.

Според извештајот на полицијата, таксито во кое покрај Кадет имало уште три лица се судрило со комби. Раперот починал на самото место, а останатите патници се пренесени во болница.

Несреќата ја потврди и семејството на Кадет на Инстаграм, каде бројни колеги и пријатели масовно постираат негови фотографии.

Кадет во Британија се прослави минатата година благодарение на неговиот канал на „јутјуб“. Годинава веќе имаше договорено повеќе фестивалски настапи, а медиумите му предвидуваа блескава кариера.

Текстот Загина познат британски рапер одејќи на настап е превземен од Reporter.mk.