Заради коцкарски долг татко ја продаде едногодишната ќерка за 7.800 евра

Маж во Кина е уапсен затоа што ја продал својата ќерка на интернет за 7.800 евра за да ги исплати коцкарските долгови. Невработениот маж ја однел својата едногодишна ќерка од дома, а на сопругата ѝ рекол дека девојчето ќе остане кај бабата, а потоа ја дал на двојка која нема без деца.

Мајката станала сомничава откако не се слушнала со ќерката речиси три месеци. Секој пат кога го прашувала мажот каде е нивното дете, тој ѝ давал различни изговори зошто го одлага нејзиното враќање.

Жената случајпт го пријавила во полиција, по што тие откриле дека го продал детето заради долгот. Едногодишното девојче ѝ е вратено на мајката.

 

Текстот Заради коцкарски долг татко ја продаде едногодишната ќерка за 7.800 евра е превземен од Reporter.mk.