„Зегин“ 30 години ја поддржува најмасовната манифестација за Богојавление – Водици

Богојавление – Водици е еден од најголемите православни празници во нашата држава. Веќе 30 години по ред компанијата „Зегин“, која е општествено одговорна, ја поддржува оваа најмасовна црковно-народна манифестација, како и многу други, а воедно и го слави својот јубилеј – 30 години од своето постоење. Така, по повод годинешниот празник Водици, „Зегин“ оваа година во 23 града во државата ќе донира 3.500 маици, 17 телевизори, 21 таблет, 29 бањарки.

На главните собири во Скопје и Охрид компанијата „Зегин“ ќе има свој штанд каде што скокачите ќе може да се намачкаат со маст за загревање, ќе има витамини и топол чај со маџун. Ова ќе им овозможи на скокачите да се спремат за влегувањето во ладните води на Охридското Езеро и во Вардар бидејќи овој период од годината е и најстуден и температурите се под нулата.

Од „Зегин“ велат дека не застануваат тука и дека и понатаму ќе продолжат да донираат и да поддржуваат разни манифестации и собири од народен карактер, како и помош на лицата со хендикеп и на социјално загрозените граѓани.

На сите скокачи и на сите граѓани „Зегин“ им посакува добро здравје и мир.

Текстот „Зегин“ 30 години ја поддржува најмасовната манифестација за Богојавление – Водици е превземен од Reporter.mk.