Зегин го носи Џенан Лончаревиќ во Берово

Во склоп на Етно Плоштад Фестивал во Берово ќе настапи големата балканска ѕвезда Џенан Лончаревиќ благодарение на генералниот спонзор на манифестацијата, Зегин.

Главната ѕвезда на настанот Џенан Лончаревиќ ќе настапи на последниот ден од фестивалот на 27 август (вторник) со почеток во 22: 00 часот.

Зегин продолжи со спонзорирање на овој фестивал, а изминативе години благодарение на оваа компанија на сцената на Етно Плоштад Фестивал се појавија Здравко Чолиќ и Северина.

Фестивалот започнува на 23 август (петок) во 20:00 часот на Плоштадот “Димитар Беровски“,  а ќе заврши на 27 август пред големиот христијански празник Голема Богородица.

Освен Лончаревиќ нафестивалот ќе настапат и други звучни имиња како Влатко Стефановски, Горан Алачки, Етно Малеш, 2 Бона, Влатко Лозановски, Бени и Нон Стоп, Ефто Пупиновски, Тхе Штекица, ДЈ Сене, Ескејп Бенд, Кико и Столе, Ангел и Иван, КУД Димитар Беровски и други.

Љубителите на традицијата ќе можат да ги посетат и тезгите со здрава храна, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и сувенири.

 

Текстот Зегин го носи Џенан Лончаревиќ во Берово е превземен од Reporter.mk.