Земјотрес утрово го стресе Скопје

Утринава во 05 часот и 58 минутибеше  регистриран земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 11 километри источно од Скопјe и потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.5, а беше почувствуван од населението во Скопје, Илинден, Кадино и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија.

Земјотерсот го регистрираше телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево,  од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,

Текстот Земјотрес утрово го стресе Скопје е превземен од Reporter.mk.