Жена отворила профил на „Твитер“, па дознала дека ќерка ѝ е порно ѕвезда

Жена која сакала да остане анонимна, на страницата „Мама миа“ напишала дека е разочарана од ќерка си, откако преку „Твитер“ дознала дека таа е порно ѕвезда. Таа отворила твитер-профил за да чита што пишува Доналд Трамп, па непријано се изненадила кога ги видела порно-видеата што ги снимала нејзината 19-годишна ќерка.

„Мислев дека ‘Твитер’ е место каде Доналд Трамп ги остава своите глупи коментари, а не нешто што има темна позадина. Така, еден ден направавив профил за да видам што пропуштам. Наместо зборовите на Трамп, најдов нешто што ме загрижи лично – мојата ќерка која објавува порно содржини. Очигледно, бев целосно шокирана од она што го гледам. Гледањето на мојата ќерка во оваа издание беше погубно. Со нејзиното ‘порно алтер-его’ ми го уништи убавото сеќавање за неа како невино и добро дете. Наместо тоа, пред очи само гледам слика од нејзиниот задник“, напишала жената на страницата „Мама миа“.

Иако со денови ја измачувало тоа што го открила, нејзината мајка на крајот се соочила со неа. За време на разговорот, нејзината ќерка ја раскажала својата страна на приказната, па ѝ објаснила дека сега таа е „возрасна жена што може самата да одлучува за себе“.

„Таа ми рече дека тоа е нејзиниот начин да се изрази онака како што сака и дека за неа тоа е ослободување. Морав да ја поддржам нејзината одлука и да не го осудувам нејзиниот избор, затоа што како родител, ова е едноставно нешто што понекогаш треба да го направите“, напишала мајката.

Текстот Жена отворила профил на „Твитер“, па дознала дека ќерка ѝ е порно ѕвезда е превземен од Reporter.mk.