„Зоки Поки“ отсега и на Јутјуб

Сите епизоди од популарната телевизиска серија за деца „Зоки Поки“ отсега ќе може да се гледаат и на официјалниот јутјуб-канал и веб-страницата ZokiPoki.mk. Телевизиската серија, која е работена според истоимената книга на Оливера Николова, веќе се емитуваше на Македонската телевизија и за кратко време постигна голем успех и гледаност, особено кај најмладите.

Главните улогите во серијата ги толкуваа децата актери Матеј Настевски (Зоки Поки), Анастасија Аневска (Лидија), Матеј Зимбаков (Гоки) и Матео Матовски (Боки). Во серијата играа и Сашко Коцев (таткото Филип), Даниела Иваноска (мајката Ивана) и Сабина Ајрула-Тозија, во улогата на бабата на Зоки, Оле.

Освен епизодите од „Зоки Поки“, на Јутјуб ќе се објавуваат и други забавни видеа поврзани со серијата, вклучувајќи ги и песните со кои завршува секоја епизода, а ги компонираше Александар Митевски.

Текстот „Зоки Поки“ отсега и на Јутјуб е превземен од Reporter.mk.