Луѓето опседнати со теории на заговор често се возбудуваат и поради најмали невообичаеност и се подготвени да се фатат за ситници за да ги поткрепат нивните често луди теории. Така, на „Јутјуб“ може да се види снимка од таинствен црвен знак „Х“ кој се појавува на мапите на „Гугл“. Како што е објаснето во снимката, знакот се појавува кога корисникот ќе ја вклучи временската поставка на „Гугл Ерт“. Тој знак се наоѓа над Антарктикот. Кога знакот се зумира, се чини дека покажува кон нешто, а оние кои се занимаваат со теории на заговор веруваат дека некој сакал да предупреди на нешто. -Дали тоа е грешка или некој во „Гугл“ покажува дека Х означува некое место – се прашуваат авторите на видеото. Меѓутоа, луѓето во коментарите понудиле неколку логични објаснувања за овој знак. -Мислам дека тоа е ознака за проблем со софтверот на кој треба да му се посвети внимание или кој е решен. Како коментар во код кој вели „поправете го ова“. Целосно можно и логично – напишал еден корисник, а друг се надоврзал дека тоа се случило и претходно. Други, пак, коментирале дека е можно Х да го означува јужниот пол, а некои решиле и да се пошегуваат. -Тоа е тајното скривалиште на Елвис – напишал еден корисник. Инаку, Антарктикот е интересен за една група теоретичари на завери –…
Текстот Дилема на теоретичарите на заговор: Зошто “Гугл“ стави Х над Антартикот? е превземен од Reporter.mk.